Доцна синоќа во трговскиот центар Мавровка во Скопје, одекна силна експлозија, пренесува Алсат.
Повредени нема, но причинета е материјална штета кај неколку локали. Како што дознава Алсат, во трговскиот биле поставени две експлозивни направи, но само едната се активирала.
По интервенција на полицијата другиот експлозивен уред бил деактивиран.
Првичните информации откриваат дека мотивот за нападот е поврзан со минатото на сопственикот на кафе “Фонтана”.
Полицијата работи на собирање оперативни информации и расчистување на случајот.