6 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Се чита за минута, а ќе ви ги отвори очите за ЦЕЛ ЖИВОТ: Приказна за магарето кое падна во бунар

Еден ден едно магаре паднало во бунар. Животното со часови жалосно завивало и селанецот се обидувал со денови да смисли што да направи.

На крајот заклучил дека животното е старо и дека и онака требало да го затрупа бунарот – не помислил дека магарето е вредно за спасување. Ги повикал сите свои соседи на помош. Секој од нив земал лопата и почнале да фрлаат земја во бунарот.

Магарето сфатило што се случува и преплашено завивало. Меѓутоа набргу престанало. По некое време селанецот погледнал во бунарот, и глетката го изненадила. Со секоја лопата земја која паѓала врз него, магарето правело нешто неверојатно: ја тресело земјата од себе и застанувало на неа.

Сите се зачудиле кога магарето зачекорило преку бунарот и поминало. Слично на ова, материјалниот свет секогаш над вас ќе фрла ѓубре, бидејќи е полн со невољи. Трикот да се ослободите од неволјата е да се истресете и да направите чекор напред.

Секој од нашите проблеми е отскочна даска. Можеме да излеземе од најдлабоките бунари, така што никогаш нема да застанеме и да се откажеме. Истресете ја невољата од себе и направете чекор напред!

Ослободете го срцето од омраза, ослободете го умот од грижи, живејте едноставно…

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.