Два руски воени бомбардери „сухој“ се судриле еден во друг во текот на лет над Далечниот Исток, јави „Раша тудеј“.
До судирот на двата авиони од моделот „Су 34“ дошло случајно. „Спутник“, повикувајќи се на соопштение од руското Министерство за одбрана, пренесе дека двата пилоти се катапултирале.
Авионите летале без вооружување.
„’Ан-12′ и два хеликоптери се ‘Ми-8’ се во потрага по екипажот, а на терен има и спасувачки тимови“, соопштило Министерството.
„Су-34“ се воени авиони, тешки 45 тона и оспособени да носат осум тони оружје. Нивниот тактички радиус е 4.000 километри. Леталата можат дополнително да се опремат со дополнителен резервоар за гориво и тогаш можат да летаат осум часа непрекинато.