Кога се разбудил насред ноќ, 23-годишниот Сем Филипс од Саутемптон, мислел дека целата нога му е покриена со голема модрица. Набрзо сфатил дека сè е во ред со неговата нога, но…
Имено, пред да си легне, таа се намачкала со средство за самопотемнување, кое очигледно се пренело на ногата на Сем.
Woke up thinking I had a big bruise on my leg, turns out you can’t spoon your mrs after she’s faked tanned ?? pic.twitter.com/BEx2MpGz2K
— Sam Phillips (@sammphillips1) April 5, 2019
Откако го надминал првичниот страв, тој ја согледал забавната страна за целото случување, па сликата од својата нога ја споделил на Твитер.
„Се разбудив мислејќи дека имам голема модрица на ногата, но, се покажа дека не може да ја прегрнувате девојката откако ќе се намачка со средство за самопотемнување“, напишал тој.
#NewProfilePic pic.twitter.com/54JVVJF5XX
— Sam Phillips (@sammphillips1) December 9, 2018
Неговата фотографија наскоро била споделена илјадници пати, а се покажало дека многу мажи се препознале во истата.
„Ова сум јас секое петочно утро“ и „Ова ми се случило милион пати во Бенидром (одморалиште во кое Британците често премногу се опуштаат) се само дел од коментарите.
Woke up thinking I had a big bruise on my leg, turns out you can’t spoon your mrs after she’s faked tanned ?? pic.twitter.com/BEx2MpGz2K
— Sam Phillips (@sammphillips1) April 5, 2019
Некои искусиле дури и полоши маки.
„Не смеете да ја прегрнете дури ниту кога ќе ја обои косата“, напишал еден маж, кој ја направил таа грешка.