6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Се превртe автобус со навивачи на шкотски Ренџерс, еден загинат (фото)

Еден навивач на фудбалскиот клуб Ренџерс загинал во сообраќајна несреќата во којашто автобус со навивачите на овој шкотски великан се превртел во саботата на пат кон стадионот, објави полицијата во Глазгов.

rendzers_avtobus

Автобусот преполн со навивачи на Глазгов се превртел во Ист Ејршир, јужно од Глазгов. Вкупно 18 лица се повредени, три се здобиле со потешки повреди, а едно na 39-годишна возраст подоцна во болница им подлегнало на повредите.

Во автобусот имало 36 навивачи на возраст од 20 до над 60 година, меѓу кои најмалку три биле жени, соопшти клубот.

„Јасно дека постојат поважни работи од фудбалот. Нашите мисли се со повредените и нивните семејства“, изјави помошниот тренер на Ренџерс, Дејвид Реир, откако неговиот тим победи со 2-0 во дуелот со екипата на Патрик Тистли.

Изрази на сочувство поради несреќата во соопштение изрази и најголемиот ривал на Ренџерс, друиот шкотски гиган Селтик.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.