Остатоците од кинеската вселенска станица би можеле да паднат на Земјата најдоцна до петок, велат научниците, објави Би-би-си. Тјангонг-1 беше дел од кинеската амбициозна вселенска програма и прототип за екипаж на станицата во 2020 година.
Беше пуштена во орбитата во 2011 година и пет години подоцна ја заврши својата мисија, по што се очекуваше да се врати назад на Земјата.
Времето и местото за паѓањето на остатоци од вселенската станица е тешко да се предвидат, со оглед дека веќе Тјангонг-1 не е под контрола. Последната проценка е дека ќе падне во периодот од 30 март до 2 април.
Поголем дел од станиците најчесто се случува да изгорат во атмосферата, но некои остатоци може да останат живи и да удрат на површината на Земјата.
Кина во 2016 година потврди дека изгубила контакт со Тјангонг-1 и дека не може повеќе да го контролира нејзиното однесување.