Снежана Келевска, пратеничка од СДСМ изјави дека поднеле предлог за дополнување на законот за пратеници, со кој се предвидува на пратеници на кои им е изречена казна затвор од 6 месеци да го изгубат правото на земање пратеничка плата. Тие воедно ги губат и другите бенефиции како што се дневници, патни прошоци и слично кои им се исплаќаат согласно законот.
,,Целта на законот е да се пополни празнината околу исплатата на надоместоци и плати. Доколку на пример му е изречена правосилна пресуда од 6 месеци го губи право на плата. Имаме ваков случај со Никола Груевски кој има ефективна казна од 2 години и тој не доаѓа во Собранието како пратеник.Ова е со цел сите да имаме еднаков пристап. Исто така се работи се за дополнување на постоечкиот закон, односно да се допрецизира законот во овој дел”, изјави Калевска.