6 C
Skopje
четврток, јуни 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Се здебели повеќе од 50 кг и повеќе не ме привлекува“ – Искрени исповеди на парови кои повеќе немаат секс

    Што се случува со луѓето кои откако ќе го најдат вистинскиот партнер и живеат заедно, после некое време целосно престануваат да имаат секс?

    Сексот е составен дел од животот, некои повеќе уживаат во него – некои помалку, некои едноставно се` уште го немаат пронајдено вистинскиот партнер. Но, што се случува со луѓето кои откако ќе го најдат вистинскиот партнер и живеат заедно, после некое време целосно престануваат да имаат секс? Некои од тие луѓе ги споделиле своите искуства на социјалната мрежа Reddit.

    » Имам 58 години, оженет сум 38 години. Нашата последна интимна средба се случи во јули 2002 година. Нешто подоцна откривме дека мојата сопруга страда од ментална болест поради која речиси успешно изврши самоубиство во тој период. Од докторот доби неколку различни рецепти кои резултираа со многу здравствени проблеми и со нејзина целосна асексуалност. Кога беше здрава, се грижеше за мене и за децата, беше столб на домот, но сега е време јас да се грижам за неа. Таа разбира дека јас имам потреби, и веројатно не би ми замерила, но јас се држам до моите ветувања.

    » Имаме три деца и живееме во мала куќа. Јас работам две работи, таа една. Заедно ја одржуваме куќата, се грижиме за децата и организираме многу активности. И двајцата сме во четириесеттите и кога некогаш ќе добиеме време за да имаме секс, попрво заедно гледаме некоја серија. Не поминува ден без да се бакнеме, прегрнеме и да си кажеме еден на друг дека се сакаме. Ние сме најдобри пријатели кои се убиваат од работа за да ги кренат на нозе своите три деца, да ги платат сметките и, во најмала рака, да ја одржат главата над водата.

    » Се откажав. Заедно сме од средината на 80-тите години и се` уште ја сметам за многу привлечна, но таа нема никаков интерес за мене. До минатата есен се` уште имавме секс понекогаш, но постепено почна да се мести во фетус позиција. Ќе се склопчеше, ќе се вовлечеше во себе и не можев ни да ја допрам. Почнав да се чувствувам како силувач секој пат кога ќе и` се доближев. Се откажав. Зошто да се трудам ако таа не го сака тоа? Ете, така се чувствувам. И сега, завршив.

    » Ниско ниво на тестостерон. Полека го одзеде неговиот нагон за секс и го промени и физички и ментално. Пред неколку години нашиот сексуален живот целосно исчезна. Но, се` уште сме среќни заедно и го поддржувам во сите проблеми. Желбата за дете му е голем поттик кој како полека да ја враќа таа искра.

    » Се здебели повеќе од 50 килограми откако сме заедно и едноставно повеќе не ме привлекува.

    » Во брак сме 12 години. Компатибилни сме во се`, освен во таа единствена работа. Не знам што се случи. Таа тврди дека повеќе нема желба. За една година, само еднаш имавме секс. И тој пат, целосно емотивно ме уништи. Се обидов повторно, но ме одби. Тука пукнав и и` реков дека сме немале секс цела година, на што таа навистина се зачуди како воопшто да не беше свесна за тоа. Во последните три месеци ја набљудувам и дојдов до заклучок дека таа едноставно не ме сака. Тоа е како затворен круг. Полека станувам огорчен и тој затворен круг почнува да ме гуши.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.