„На академските граѓани од студентскиот дом „Пелагонија“ им е тешко ѓубрето да го носат до контејнер па го фрлаат низ прозор“.
Вака гласи еден коментар на кој налетавме на социјалните мрежи под кој е постирана фотографија која го покажува токму тоа што се наведува .
Еден куп фрлени кеси со ѓубре е сликата која се забележува на постираната фотографија на која меѓу другото пишува:
– „Што ќе ни е политика кога нам ни треба колективно некој да ни расчачка по тоа главите и еден добар час по општа култура, хигиена, комуникација, ресоцијализација…-“
Повеќе од очигледно е дека за оваа слика позади студентскиот дом се заслужни оние кои престојуваат во него.