6 C
Skopje
петок, март 24, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Човек надмудрил банка на неверојатен начин! Банката откачи дека некој ги зeзнал по нивен начин

    Не се малку оние кои се незадоволни од фактот што банките ги мамат со клаузули напишани со ситни букви. Сепак, еден Русин успеа да „удри“...

    Не можам да бидам посреќен – ја нема грдата мрежа од капилари! Моите нозе изгледаат совршено и сега со гордост ги покажувам!

    Kапилари - еден од најчестите проблеми на жените. Тие не само што изгледаат неестетски, туку можат да станат причина за комплекси и несигурност. Слабите крвни...

    Чудно се почувствувала кога и го дале бебето – Еден месец подоцна побарала ДНК тест!

    Мерси Казаналес се заљубил во својот човек во католичко училиште во Далас. Откако останала бремена, била принудена да се врати во родниот Салвадор бидејќи...

    Ориз на гладно – Ќе се збогувате на болки во задните зглобови и вратот

    Со возраста, човечкото тело претрпува значителни промени. Токсините веднаш „се населуваат“ во нашето тело и прво ги напаѓаат зглобовите. Затоа постарите луѓе треба да посветат...

    Се враќаат ли заборавените болести?

    Заборавените заразни болести, од кои порано во епидемии умирале илјадници луѓе, а кои беа речиси искоренети, се закануваат повторно да се вратат, бидејќи во последните години се намали вакцинацијата на децата.

    Во епидемија на мали сипаници во Романија, која се уште трае, заразени се над 3.500 луѓе, а умреле 17 лица.

    Слични епидемии се случуваа и во Република Српска, Федерацијата БиХ, а во Србија досега се регистрирани само неколку случаи.

    Слично е и со рубеолата, заушките, детската парализа, голема кашлица, тетанус, големи сипаници.

    Тие болести беа пред елиминирање, а некои и искоренети, но поради се помалиот опфат на вакцинацијата, се закануваат да се вратат во епидемии.

    Светската здравствена организација вели дека за да се држат под контрола заразните болести, мора да се вакцинираат минимум 95 отсто деца и само толкав опфат гарантира дека вирусот нема да има плодно тло да се развие.

    Во Србија опфатот со MMR вакцината (мали сипаници, рубеола, заушки), која се дава во втората и седмата година од животот, е 81 отсто, т.е. во седмата 91,1 отсто, додека во Белград опфатот со вакцинацијата во втората година паднал на 65 отсто.

    „Факт е дека немавме вакви епидемии и дека долго не се појавуваа. Тоа придонесе да престанеме да мислиме на нив и да мислиме дека некој друг ќе ја заврши работата на заштитата, пред се нашата и на нашите деца, а потоа и на целата популација, а тоа е вакцинацијата” – вели инфектологот Горан Стевановиќ.

    Тој објаснува дека заразните болести сега бараат свој простор, а тоа се луѓе кои не се вакцинирани и не се заштитени, па во земји кои немаат добар опфат со вакцинацијата, веќе се јавуваат епидемии.

    Епидемиолозите и вирусолозите предупредуваат дека некои заразни болести, кои благодарение на вакцинацијата не се појавува во последните децении, кога би се појавиле, многу лекари не би знаеле да ги препознаат бидејќи никогаш не ги виделе во пракса, туку ги виделе само во книги.

    Вирусологот Ана Глигиќ вели дека тоа било причината за големата епидемија на вариола вера (големи сипаници) во 1972 година, која не била препозната од старт.

    Болеста ја виделе и знаеле како изгледа само инфектолозите проф. Миомир Кецмановиќ и доцент Војислав Шуваковиќ, кои биле на специјализација во Индија, каде имало вариола, останатите за болеста знаеле само од книгите.

    „Меѓутоа, додека ги повикале нив, вариолата се раширила” – вели Глигиќ, кој како шеф на лабораторијата за опасни вируси во Торлак го потврдила првиот случај на вариола вера во Србија, но и прва го видела и потврдила уште поопасниот вирус Марбург, но колегите од Марбург го потврдиле пред неа, бидејќи раководството на Торлак се одлучиле да почекаат ден два тоа да се објави.

    Глигиќ вели дека со вакцинацијата против големите сипаници се престанало кога болеста била искоренета, но тврди дека вирусот и понатаму се чува во две лаборатории во Русија и САД, како и дека најголема опасност се заканува ако некој се одлучи големите сипаници да ги искористи како биолошко оружје.

    Светската здравствена организација, како што вели, наредила на сите лаборатории во земјите каде имало заразени, да го уништита вирусот на големи сипаници и дека таа лично тоа го направила на Торлак.

    „За разлика од многу други, вирусот е многу долго одрлжив и надвор од човечкиот организам, на пример на чаршавите на пациентите, на облеката” – објаснува Глигиќ и додава дека луѓето кои умирале во текот на епидемијата во Србија биле погребувани во лимени сандаци и дека теоретска опасност постои ако би дошло до некој одрон на земјиштето.

    „Теоретска опасност постои, но не верувам дека вирусот може по толку години да биде жив, но никогаш не се знае. Најголема опасност се заканува ако вирусот од некоја лабораторија се искористи како биолошко оружје” – објаснува Глигиќ за Танјуг.

    Една од причините што дошло до опаѓање на опфатот со вакцинацијата е и тоа што дојде до компромитирање на вакцината против пандемскиот грип H1N1 пред неколку години, кога се увезе голема количина на вакцината, а научниците почнаа да зборуваат дека тоа е повеќе комерцијала отколку превентива, како што вели таа.

    Инфектологот Стевановиќ објаснува дека вакцинацијата пред се е мерка со која се штити поединецот кој се вакцинира, но дека на тој начин јакне и колективниот имунитет.

    „Значи, ако го вакцинирате своето дете пред се го заштитувате него, но исто така се штитат и сите други деца, бидејќи многу е важен и колективниот имунитет. Едно гранче лесно ќе се скрши, но ако имате сноп од 10-15 гранчиња, тоа оди потешко” – вели Стевановиќ.

    Како што вели, ако во детскиот колектив има 95 отсто вакцинирани деца, преостанатите пет отсто кои не се вакцинирани, бидејќи не смеат да примаат вакцина, исто така ќе бидат заштитени.

    „Практично правите еден широк и исклучително силен фронт кој го спречува предизвикувачот воопшто да влезе во чувствителната популација и на тој начин се штитиме сите заедно” – заклучува тој.

    Latest Posts

    Човек надмудрил банка на неверојатен начин! Банката откачи дека некој ги зeзнал по нивен начин

    Не се малку оние кои се незадоволни од фактот што банките ги мамат со клаузули напишани со ситни букви. Сепак, еден Русин успеа да „удри“...

    Не можам да бидам посреќен – ја нема грдата мрежа од капилари! Моите нозе изгледаат совршено и сега со гордост ги покажувам!

    Kапилари - еден од најчестите проблеми на жените. Тие не само што изгледаат неестетски, туку можат да станат причина за комплекси и несигурност. Слабите крвни...

    Чудно се почувствувала кога и го дале бебето – Еден месец подоцна побарала ДНК тест!

    Мерси Казаналес се заљубил во својот човек во католичко училиште во Далас. Откако останала бремена, била принудена да се врати во родниот Салвадор бидејќи...

    Ориз на гладно – Ќе се збогувате на болки во задните зглобови и вратот

    Со возраста, човечкото тело претрпува значителни промени. Токсините веднаш „се населуваат“ во нашето тело и прво ги напаѓаат зглобовите. Затоа постарите луѓе треба да посветат...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.