Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во арената „Борис Трајковски“, Металург во рамките на третото коло го совлада Спортинг Лисабон со 28:27 (17:13).

Мечот со Спортинг беше најдобриот на Металург од почетокот на сезоната. Најмалдиот тим во Лигата на шампионите, конечно одигра онака како што посакува тренерот Червар и неговиот асистент Јовиќ, кој изминатат недела во отсуство на првиот тренер ја подготвуваше екипата за овој дуел.

Ангажирано, максимално борбено за секоја топка, цврста одбрана и расположен голман и течен напад Металург имаше целосна контрола врз натпреварот до 51.минута, кога противвникот намали на 25;24.

Малку недостигаше Металург да стане жртва на жестокиот ритам кој го наметна од почетокот на мечот. Сепак, во финишот Плаески погоди од седмерец, потоа и Анѓелиќ реализираше на празен гол за мирен финиш (27:24), а победникот го реши Илиќ на влезот во последната минута.

Во одличаната тимска игра кај Металург се издвои голманот Арсиќ кој имаше 12 интервенции, а нападот го предводеа Кузмановски со 6, Палески со 5 (сите од седум метри), односно јагањац и Анѓелиќ со по четири гола.

Кај Спортинг голгетерски се истакнаа Карнеиро кој постигна 6, односно Никчевиќ и Валдес кои постигнаа по четири гола.