Четиричлено семејство од Скопје може да остане на улица, под отворено небо. Сопственикот на куќата во која семејството живее под кирија, им рекол да се иселат бидејќи решил да ја продава. За семејството Пајазити киријата чинела само 3 илјади денари, а сега, како што велат, не можат да најдат друго сместување по таа цена.
„Во последно време имам проблеми со половината, не земам социјална помош и живеам под кирија. Сопственикот на куќата ме извести дека ќе ја продава куќата и дека треба да ја напуштиме. Од никаде немам приходи, не знам каде да одам. Единствено ни останува да излеземе на улица или во некој парк, немам каде да одам“, рече Башким Пајазити.
Најчесто на трпезата имаат само грав. Честопати храна им нудат соседите и хуманите луѓе. Работа успеала да најде само домаќинката Афрдита Пајазити. Таа чисти куќи, но работа нема секој ден.
„Најлошото е кога ќе ви кажат – уште толку време можете да седите тука, а потоа мора да се иселите. Овие зборови ти се врежуваат во главата, ниту да спиеш не можеш повеќе. Само размислуваш каде ќе одиш и што ќе правиш. Разговарам со сопругот, децата уште не знаат“, вели Афрдита Пајазити.
Во недостиг на социјална помош, семејството Пајазити нема сигурни месечни приходи. Бараат од хуманите луѓе, да им излезат пресрет и кој колку може да им помогне, за да ги истуркаат овие тешки денови.
Извор: ТВ21