Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за двете бараж-средби за пласман на Светското првенство 2019 против селекцијата на Романија.
Поширокиот список на Раул Гонзалес:
Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров
Првиот бараж-меч Македонија ќе го одигра на 10 јуни во Скопје, а реваншот во Клуж ќе се одигра три дена подоцна.