Доаѓањето на бебето во голема мера ќе го промени вашиот сексуален живот. Еве какви совети ви порачуваат паровите кои неодамна имаат бебе.

1. Не грижете се ако сакате да имате секс додека бебето е во собата. Тоа уште ништо не разбира.

2. Ако чувствувате болка за време на сексот, консултирајте се со докторот, бидејќи е можно раната од породувањето уште да зараснала правилно.

3. Важно е да си одделите време еден за друг. Направете план и најмете си дадилка.

4. Опремете се со лубликант.

5. Не придржувајте се до правилото дека треба да имате секс по 6-тата недела. Кога сте подготвени – тогаш.

6. Постојат многу видови на секс, затоа не се потпирајте само на традиционалниот начин.

7. Навикнете се на секс на брзина. Нема ништо лошо во тоа да го направите на брзина, за да си ги задоволите потребите.

8. Однапред направете план во календарот. Звучи прилично не-секси, но врши работа.

9. Одберете нестандардни места за секс. Ако бебето спие во собата, одете во кујната.

10. Колку и да ви се спие, одлучете се за секс. Нема да зажалите.

11. Не земајте ги работите премногу сериозно. Ќе се случат повторно.

12. Бидете трпеливи. Тешко е повторно да почнете да имате секс, но работите ќе си дојдат на местото.

13. Миењето чинии и оставањето на бебето да спие ќе се претворат во највозбудливите моменти за секс игри.

14. Испраќајте си секси пораки, за подобро расположение во текот на денот. А вечерта разбудете ги вашите фантазии.

15. Намалете ги очекувањата. Животот ви е променет и е нормално истото да се случи и со сексуалниот живот.

16. Бидете креативни. Креветот не е единственото место на кое можете да се забавувате.

17. Одлучете се за секс додека имате можност. Дејствувајте веднаш штом ќе ви се пружи погоден момент.

18. Не лутете се, ако веќе ништо не е исто … за некое време, потоа се ќе биде како што треба.

19. Првиот секс ќе биде чуден, но тоа не треба да ве плаши. Бидете спонтани и уживајте во нештата.