6 C
Skopje
среда, февруари 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сексот во повозрасно доба е добар за жените, не толку за мажите

    Редовните сексуални односи во повозрасна возраст може да ги заштити жените од одредени здравствени проблеми, но ка мажите може да делуваат спротивно, сметаат научниците во студијата објавена во списанието Journal of Health and Social Behavior.

    seks_stari1Повозрасните мажи кои имаат сексуално односи еднаш седмично, имено, имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

    „Резултатите за жените се во согласност со нашите очекувања, но за мажите се изненадувачки“, вели Хуи Лиу, професорка по социологија на државниот универзитет Мичиген.

    Тимот научници предводен од Хуи Лиу анализирале податоци од националното истражување во коешто учествувале 2.204 испитаници на возраст 47 до 85 години.

    Жените коишто одговориле дека сексуалниот живот ги задоволува и оти им е пријатен, имале помала веројатност од развој на хипертензија, велат научниците. Исто така, хормоните коишто ги лачат жените во текот на сексуалниот чин придонесуваат за нивното здравје.

    „Изненадувачки, повозрасните мажи кои имаат сексуални односи повеќе од еднаш седмично имаат двојно поголем ризик од срцеви проблеми од сексуално неактивните. Тоа се однесува дури и на оние коишто се извонредно задоволни од својот сексуален живот. Таквите резултати ја доведуваат во прашање раширената претпоставка дека сексот за сите е благопријатен за здравјето“, истакнува Хуи Лиу.

    Повозрасните мажи имаат проблеми со постигнување оргазам поради емотивни или медицински причини, и затоа можеби повеќе се исцрпуваат, што создава релативно поголем стрес врз нивниот кардиоваскуларен систем, смета Лиу. „Другата можност е негативниот ефект од лекарствата и други препарати за унапредување на сексуалната функција“, додава.

    Во секој случај, Лиу се согласува дека се потребни дополнителни истражувања за да се појасни зошто сексуалните односи за повозрасните мажи можат да бидат погубни./

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.