На пушачите нема да им биде сеедно кога ќе разберат дека со фрлање на кутии од цигари изгубиле најмалку 500 евра. Попрецизно, овој рудник го сочинуваат златните и сребрени фолии кои се наоѓаат во внатрешноста на кутијата.
Ж.М. (64г.) од Белград е жената која го открила овој рудник. Таа собира фолии од кутии и ги продава за повеќе од 100 евра за килограм.
Во Крагуевац за килограм фолија може да се добие и 160 евра, но според неа во Белград за истото количество цената достигнува до 500 евра.
Незвисно дека тоа изгледа многу лесно за спроведување, треба да се знае дека за еден килограм фолија се потребни околу 1.000 кутии цигари. И тоа не секоја кутија е корисна, бидејќи цврстата фолија се фрла, а се собира само меката и тенка фолија.