6 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Секојдневно го јадеме ова, а никој не знае колку всушност е штетно за нашиот мозок

    Може да се каже дека и птиците на гранка знаат дека солта е еден од главните фактори за висок крвен притисок, а новото истражување ни откри нови податоците за влијаението на солта на мозокот.

    Постои врска помеѓу исхраната со преголема содржина на сол и проблеми со памтењето, иако досега се мислеше дека солта позитивно влијае на мозокот.

    Најновото истражување е направено врз лабораториски глувчиња. Тие добивале 8 до 16 пати повеќе од нормалната количина на сол во исхраната во период од 8 до 12 недели. Во тој период е забележана дезиорентација во просторот, непрепознавање на предмети, како и неможност за правење на гнезда.

    Кога таквото однесување на глувците би се пренело на луѓето, тоа би било сериозно пореметување кое во пракса подразбира дезиориентација во просторот и времето, проблемо со помнењето и неможност за извршување на основни работи како облекување, готвење или плаќање сметки.

    Загрижувачкиот податок дека е забележано исто ниво на оштетување на мозокот кај глувците без оглед на нивото на внесена сол, што исто така, доколку се префрли на луѓето, би значело когнитивно пореметување со дури и значително помало ниво на внесена сол отколку што се претпоставуваше.

    Ваквите резултати би можеле да го променат ставот на лекарите кога ги советуваат пациентите за внесот на солената храна бидејќи досега фокусот беше на високиот крвен притисок и кардиоваскуларни болести.

    Во истражувањето е воочено да кај глувците влијаението на солта на мозокот доаѓало индиректно. Вишокот на сол низ храната успевал да пристигне во тенкото црево, при што организмот започнал да произведува големи количини на ТН17 (бели крвни зрнца) претставници на имунолошкиот систем.

    Тоа довело до пораст на нивоата на други компонентни на имунолошкиот систем (протеинот IL-17).

    Овој проблем веројатно би бил ист и кај луѓето. Кога човечкиот организам произведува премногу IL-17, нивото на азот-оксид во крвните садови опаѓа крвните садови се опуштаат, што доведува до мал доток на крв во мозокот.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.