Искусните домаќинки имаат генијален трик за спречување на создавање на грутки при перењето на јакни од пердуви. И не може да биде поедноставен.
При перењето во машина кај повеќето јакни се создаваат грутки меѓу пердувите, што во голема мера го отежнува сушењето. Една домаќинка има решение за тоа.
-Сите јакни од пердуви ги перам со три тениски топки. Дури и на една моја јакна стои детално објаснување. Потоа ја ставам на сушење заедно со трите топки и ќе биде со нормален облик, како пред перењето – напишала домаќинката.
Јакните од пердуви за време на перењето се дуваат и заземаат поголем простор во внатрешноста, па затоа немој да ја преполните машината.
Перете ја со детергент за чувствителна гардероба или специјален детергент за овој тип облека.