6 C
Skopje
четврток, ноември 7, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Седма традиционална велосипедска тура во организација на Сојузот на спортовите

    Ѓорги Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортовите на Скопје, со уште еден исчекор за зајакнување на спортот во Македонија.
    По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Сојузот на спортовите на Скопје, ја организира седмата велосипедска тура низ Македонија. Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има цел да прерасне во активност што ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.
    Претседателот на Сојузот на спортовите на Скопје, Ѓорги Кузмановски, на 77-годишна возраст, и Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50- годишна возраст, ќе ја почнат 90-километарската тура на 1 септември, сабота. Тие ќе тргнат од плоштадот Македонија во Скопје во .30 часот и очекуваат да пристигнат во Богомила во 13 часот.
    Покажувајќи ја истрајноста и пожртвуваноста да ја достигнат својата цел, Ѓорги и Дејан докажуваат дека со многу мотивација и желба секој може да го постигне тоа што го сака и истовремено да ја прослави својата и независноста на државата.
    Со ова Кузмановски и Момировски прават уште еден чекор за зајакнување на спортот во Македонија. Тие ги поттикнуваат сите да се впуштат во авантура што никогаш нема да ја заборават.
    Од 2012 до денес ги реализирале следниве тури:
    2012 Битола – Скопје 175 км
    2013 Скопје – Гевгелија 165 км
    2014 Скопје – Свети Николе 77 км
    2015 Крушево – Скопје 152 км
    2016 Штип – Струмица 110 км
    2017 Маврово – Кичево – Битола 122 км
    Текстот Седма традиционална велосипедска тура во организација на Сојузот на спортовите е превземен од МАКФАКС.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.