Двете пресметки што Македонија ги одигра на Европското првенство во Хрватска, против Словенија и Црна Гора, беа решени во последните моменти.

Ракометната и спортската јавност во нашата држава веќе е навикната на драматични завршници кога е во прашање нашата репрезентација.

Тоа беше инспирација за еден фан на националниот тим да напише статус: „Сегде репрезентација си гледаат со пиво и кикирики, кај нас со Лексилиум и Диазепам.“

Извор: 24Rakomet.mk