Вардар станува глобален бренд. Неодамна во Мексико, во градот Монтереј се формира ракометен клуб Вардар.
Покрај тоа што го имаат земено името на најдобриот македонски клуб, боите на мексиканскиот клуб се црвена и црна, а логото на клубот е копија на оригиналот.
Тимот е формиран неодамна и засега се натпреварува во Втората регионална лига на Мексико. Дека токму нашиот Вардар е инспирација за формирање на овој клуб покажуваат и фотографиите кои ги има на официјалниот профил на РК Вардар од Мексико.
Извор: Sportmedia.mk