Според последните неофицијални и се уште непотврдени информации, СДСМ е се поблиску до одлука да не оди на предвремени парламентарни избори. Како што вели нашиот извор, премиерот Заев сака да биде сигурен дека ќе може да работи уште поактивно на реформите со цел подобра економија, нови инвестиции, а на тој начин и да ги послушта советите на пријателите од надвор дека изборниот процес може да го донесе негативности на патот на Македонија кон ЕУ.
Во однос на претседателскиот кандидат, изворот вели дека во најтесен круг се Пендаровски и Димитров. Според истиот, Пендаровски ќе биде кандидат во случај кандидат од спротивната страна да биде Влатко Ѓорчев, додека Димитров ќе биде кандидат доколку од спротивната страна биде професорката Гордана Силјановска Давкова.
Денеска јавно е објавена и кандидатурата на Филип Ѓорѓиев. Филипов беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година. Тој е прв што најави кандидатура на огласот на СДСМ што е отворен до 19 февруари. Тој смета дека може да биде добар консензуален претседател.
Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство“, рече Филипов на прес конференцијата.