По исходот од првиот круг еуфорија во опозицијата, поточно кај најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. По постигнатите резултати, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека се задоволни што граѓаните одбрале правда и ја делегитимирале власта.
„Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз. СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите“ рече Јанушев.
ВМРО ДПМНЕ победи во 47 општини, за разлика од локалните избори кои се одржаа пред година и пол кога освои само 5 општини. ВМРО ДПМНЕ со 6500 гласови разлика победи во Гази Баба, во Кисела Вода освоија повеќе од 4.000 гласа, во Аеродром и во Ѓорче Петров разликата е повеќе од 2000 гласови во корист на ВМРО ДПМНЕ. За помалку од две години СДСМ изгуби речиси 14 000 гласови во Битола.
Слабиот одзив на гласачите според Јанушев се должи на апатијата на граѓаните кои се чувствуваат измамено од власта.