6 C
Skopje
понеделник, декември 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Светска туристичка атракција околу која оперираат нaјмногу арамии

    Десетици туристи биле ограбени на патот кон познатата статуа на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, каде што два часа биле заложници во масовен грабеж.

    Полицијата соопшти дека во петокот три лица со ножеви и пиштоли опколиле група туристи на патот кон статуата на Христос Спасителот во густа шума на периферијата од градот, каде што се случуваат чести грабежи.

    Повеќе од 30 луѓе биле ограбени, а станува збор за туристи од Азија, Европа и од Јужна Америка, кои крадците ги задржале како заложници чекајќи да наидат и други.

    Им ги зеле мобилните телефони, камерите, накитот, кредитните картички, но, за среќа, никој не бил повреден.

    Ова е само еден во низата инциденти што никако не ѝ одат во прилог на репутацијата што Бразил како туристичка дестинација долго време ја има во светот. Токму криминалот е прашање број еден што новиот претседател Жаир Болсаонаро вети дека ќе го реши.

    Инаку, во Рио де Жанеиро полицијата се соочува со рекорден бран криминал, кој исто така влијае и на туризмот во овој град. Туристите што патуваат со камери и паметни телефони се лесни цели, особено на патот кон статуата на Христос Спасителот, каде што грабежи се случуваат секојдневно.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.