6 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сан Антонио одигра за Тим Данкан

    Кошаркарите на Сан Антонио славевеа против Њу Орлеанс 113:100 во еден од седумте натпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

    Натпреварот во Сан Антонио мина во знакот на Тим Данкан, чии дрес по завршувањето на мечот замина меѓу легендарните играчи на клубот. Данкан, еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА лигата, дресот на Спарси го носеше од 1997 се до завршувањето на минатата сезона кога реши да се пенсионира.

    Инаку Сан Антонио лесно се справи со тимот на Њу Орлеанс, до триумфот 113:100 тимот го предводеа Ламаркуз Олдриџ ос 22 поени и седум скокови, односно Ману Џинобили со 17 поени.

    Сан Антонио има скор 22 победи и пет порази и се наоѓа на второто место во лигата, веднаш зад Голден Стејт.

    Бредли Бил блескаше против Клиперси, тој постигна 41 поен и му овозможи на Вашингтон да слави со 117:110.

    На останатите натпревари: Далас го декласира Сакраменто 99:79, Бостон победи во Мајами 105:95, а Торонто со рутинска игра му нанесе тежок пораз на Орландо 109:79.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.