Аргентинската Инстаграм ѕвезда Надин Бруна која имаше желба да има светло сиви очи наместо кафеави сега целиот живот ќе жали поради губење на видот.
Надин која живее во Мајами операцијата ја извршила во Колумбија каде овој хирушки зафат е легален и операцијата ја платила околу 2.500 евра со попуст кој го добила поради рекламирање на резултатот на нејзиниот Инстаграм профил.
Докторите откако и ставиле силиконски импланти во очите таа се пожалила на болки, а по ова таа на десното око го изгубила видот до 80 проценти, додека на левото до 50 проценти.
Во март и јуни минатата година таа повторно беше во Колумбија за да можат докторите да ја поправат штетата, но целиот процес завршил безуспешно.
Последиците од направената грешка ќе ги носи целиот свој живот, а таа заедно со својата сестра близначка се многу активни на социјалните мрежи погледнете.