Американскиот државен секретар Мајк Помпеo побара состанок за Венецуела во Советот за безбедност на ОН, соопштија дипломатски извори.
Според најавите состанок би требало да се одржи в сабота наутро.
Од Советот за безбедност претходно соопштија дека ќе се разгледува дали ситуацијата во Венецуела претставува закана за меѓународниот мир и безбедност.
Претходно, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека не мисли дека е потребен состанок на Советот за безбедност, бидејќи се работело за внатрешно прашање на Венецуела.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак вчера го призна самоизбраниот председателот на Венецуела, Хуан Гуаидо, за привремен претседател на земјата. Гуаидо е претседател на парламентот на Венецуела.
Претседателот Николас Мадуро, поради оваа причина, рече дека ги прекинува дипломатските односи со САД и им нареди на сите американски дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.