Русија планира да изгради голема фабрика за клонирање во вредност од 5,9 милиони долари, што ќе ги врати во живот волнестиот мамут и други одамна изумрени видови.
Весникот „Дејли мејл” пишува дека плановите за изградба на нов истражувачки центар од светска класа во Јакутск ќе ги објави рускиот претседател Владимир Путин за време на големиот инвестициски форум.
Покрај волнестиот мамут, руските генетичарите најавија проучување на ДНК од другите изумрени видови, вклучувајќи ги волнестиот носорог, кој изумрел пред околу 10.000 години, пештерските лавови и некои видови одамна исчезнати коњи.
Лабораториите за клонирање, од кои некои се длабоко во пермафростот на Јакутск, ќе претставуваат продолжување на сегашните руски истражувања кои работат заедно со тим на научници од Јужна Кореја со цел да го оживеат мамутот. Јакутск, главниот град на Јакутија, е полн со замрзнати животински остатоци.
Текстот Руски научници клонираат животни што исчезнале пред 10 000 години е превземен од МАКФАКС.