6 C
Skopje
понеделник, април 15, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

    Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентираше приоритетите на романското претседателство со Европската унија.

    „Првата фаза ќе биде интензивна, па затоа ја очекувам вашата помош со цел да се донесат што повеќе мерки и да одговориме на предизвиците“, рекла Данчила.

    Агенцијата „Хина“ истакнува дека Романија го презела водството со ЕУ во многу важен период во кој треба да се одлучи за иднината на блокот – случувањата со брегзит, усвојувањето на новиот буџет, закажаните избори за Европскиот парламент, како и самитот во романскиот град Сибиу, каде што останатите членки на ЕУ ќе ги дефинираат иднините чекори на блокот.

    Слоганот на романското претседателство е „Кохезија, заедничка европска вредност“, а програмата се состои од четири фази: конвергенција на Европа, безбедна Европа, Европа како силен глобален играч и заеднички европски вредности.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.