Новозеландската пејачка Келси Картер (26) веќе долго време сака да го привлече вниманието на Хари Стајлс (24), поранешен член на групата „Уан дирекшн“. По повод неговиот 25-ти роденден, кој ќе биде на 1 февруари, таа подготви за него изненадувачки подарок, за кој размислуваше долго време.
Следбениците ги информира дека конечно одлучила што ќе му „подари“, па си го тетовираше неговиот портрет на лицето. Автор на „ремек-делото“ е Ромео Лакост, мајстор за тетоважи во Лос Анџелес.
„Мамо, погледни што направив“, стои во описот на нејзината фотографија со тетоважа.
Инаку, Стајлс ги обожава тетоважите и ги има речиси низ целото тело. Кели смета дека е женска верзија на Хари и се пресели во Америка за да стане пејачка.
„Ќе добијам песна на неговиот нов албум“, уверена е Келси, која за малку ќе го „фатеше” Хари. Наместо него, таа го освои неговиот поранешен колега од групата, Зајн Малика (26). Келси му напиша текст за песната што сè уште не е излезена.