6 C
Skopje
вторник, март 18, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Рецепт: Француски палачинки со банани и чоколадо

Французите можат да направат палачинки со секаков фил – шунка, сирење, печурки, или овошни плодови. Рецептот за тестото е едноставен – брашно, јајца и млеко.

palacinki

Производи:

125 гр. Брашно;

160 мл. млеко;

160 мл. вода;

3 јајца;

3 лажици стопен путер;

2 чајни лажици шеќер;

Малку сол;

Грутка масло за подмачкување на тавата и на самите палачинки;

Банани по вкус;

Растопеното чоколадо по вкус.

Подготовка: Постепено ставете го брашното, млекото и водата и постојано мешајте со миксер на мала брзина или со рачна мешалка, додека да постигнете хомогена смеса. Измутете ги јајцата и додадете ги во тестото. Потоа ставете шеќер, сол и стопен путер. Оставете го тестото да отстои 30 минути. Загрејте ја тавата, намачкајте ја нежно со масло и ставете од тестото тенок слој и пржете по 1-1.5 минути од секоја страна. Послужете со парчиња банани и со растопено чоколадо.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.