Многу жени сонуваат за тоа за само еден ден да изгубат дел од својата телесна тежина. Со овој пијалак може да се изгубат и до два килограми од телесната тежина.
Пијалакот е наменет за оние кои сакаат да ослабнат и да одржуваат нормална тежина. Пијалакот е вкусен и нема да почувствувате голема потреба за храна.
Во текот на една недела одвојте еден ден кога ќе го консумирате само овој пијалак. “Посниот” ден со млеко и зелен чај може да го практикувате само еднаш неделно.
Состојки: 1,5 литар млеко со 1,5% млечна маст; зелен чај 3-4 лажици и лажичка мелен цимет
Земете 1,5 литар млеко со 1,5% млечна маст, ставете го во сад и оставете го да зоврие. Додадете 3-4 лажици зелен чај. Дозволете да се излади, додадете цимет и пијте го во текот на денот, наместо храна.