ортугалскиот репрезентативец Ренато Санчез стана најмлaдиот учесник во финалниот натпревар на некое Европско првенство.
Фудбалерот за чии услуги минхенски Баерн плати речиси 35 милиони евра, во финалето на ЕУРО 2016 против Франција настапи на возраст од 18 години и 326 денови.
Момчето од фудбалската школа на Бенфика го надмина рекордот на сонародникот Кристијано Роналдо, кој кога играше во финалето во 2004 година имаше 19 години и 150 денови.
Инаку, Кристијано Роналдо, во финалето на ЕУРО 2016 одигра само 24 минути, а потоа поради повреда на левото колено мораше да биде изнесен со носилки од теренот.
Ренато Санчез на ЕП во Франција стана и најмладиот стрелец на едно европско првенство, тој постигна гол во четвртфиналето против Полска.