Универзитетската клиника за Гинекологија и Акушертство денеска на својата Фејсбук страница објави дека претходниот месец на клиниката се родило најголемото бебе во државата.
Здравото машко бебе е тешко 5.700 грама и долго 55 сантиметри. Бебето се родило по природен пат.
Просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 3.000 и 4.000 грама.