Жена, која сакала да остане анонимна преку оглас резервирала апартман на море.
На фотографија апартманот изгледал сосема солидно и убаво, но кога стигнала на лице место доживеала разочарување. Таа ги советува сите оние кои имаат намера така да го организираат својот одмор и сместување да бараат преку интернет, да бидат многу внимателни.
Во огласот пишувало дека апартманот е 10 метри до морето, а тоа не било точно. Објавените фотографии од самиот апартман, всушност биле од некој друг апартман. Користењето на клима уред морало додатно да се плати, а на огласот пишувало дека е вклучено во цената.
Затоа сите вие кои годинава планиравте сами да го организирате своето патување, без агенција, добро информирајте се и истражувајте го местото, како и вашите права за да бидете заштитени од било какви неприлики.