6 C
Skopje
недела, јули 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Раца не знае кои играчи ќе одговорат на повикот

    Македонската кошаркарска репрезентација во понеделник од 19 часот ќе ги започне подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2017 година.

    dragan_raca_selektor

    Селекторот на репрезентацијата Драган Раца на списокот играчи со кои планира да ги започне подготвките има 18 кошаркари, но и самиот во овој момент не е сигурен кој ќе се јави на првата прозивка.

    Сигурно е дека на првиот собир ќе го нема Марко Симоновски кој има повреда на грбот, односно Перо Антиќ и Предраг Самарџиски.

    „Денеска е првиот тренинг и ќе видиме каква е ситуацијата. Ние им испративме повик на сите за кои мислиме дека можат да помогнат. Ќе видиме кој ќе дојде, не можам однапред ништо повеќе да кажам. Менаџерот на Антиќ контактираше со Федерацијата која, пак. оствари контакт со неговиот клуб. Знам дека менаџеорт на Антиќ испратил некакво писмо во Федерацијата. Значи оставивме тоа да го заврши Федерацијата. Разговарав со менаџерот на Самарџиски, тој не оствари никаков контакт, само усно преку некои пријатели разбравме дека тој има проблеми со некаква повреда“, рече селекторот Раца.

    „Јас очекувам да дојдат играчи кои сакаат да настауваат за својата земја, и претходно кажав дека нема никого да молиме. Тоа требе да биде некаков таргет и модел за во иднина. Јас нема да влегувам во тоа кој дошол или не, нема да се мешам во тие работа. Мислам дека за секој спортист е чест да настапува за својата држава. Од денеска нема да споменам ниту еден играч кој не дошол и не сакам да добивам прашања на таа тема“, порача селектрот.

    Кога станува збор за странецот кој ќе настапува за Македонија, Раца и неговиот тим одлуката ќе ја донесе откако ќе види кои македонските играчи ќе се појават на подготвките.

    „Во најтесниот избор го имавме Квинси Милер, но тој се повреди. Имавме контакт со разни играчи. Нам ни беше важно да видиме кои од македонските играчи ќе играат, па потоа да донесеме странец на позиција на која најмногу ќе ни биде потребен. За ден-два ќе знаеме кој странец ќе биде повикан“, рече македонскиот селектор.

    За првиот собир Раца испрати повик до следниве играчи:

    Александар Костоски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Димитар Мираковски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Димитар Караџовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Бојан Трајковски, Марјан Јанески, Ѓорѓи Чековски, Перо Антиќ, Љубомир Младеновски, Педраг Самарџиски, Марко Дујковиќ.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.