6 C
Skopje
четврток, ноември 7, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Раца може да ги пакува куферите

    Македонската кошаркарска репрезентација во Унгарија во саботата го игра последниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство. Без оглед на исходот на натпреварот, дуелот со Унгарците во Солнок ќе биде последен за Драган Раца како селектор на националниот тим.

    (Фото: Екипа)
    (Фото: Екипа)

    Македонските кошаркари зад себе имаат катастрофални квалификации, две победи против аутсајдерот Луксембург и три пораза, од кои два на домашен терен против Унгарија и Велика Британија.

    Во пресрет на последниот меч во квалификациите јасно е дека Македонија ќе ја прекине низата од четири последователни учества на континеталните шампионати. Главен виновник за ваквите резултати е селекторот Драан Раца, за кого мечот со Унгарија ќе биде последен на клупата на Македонија.

    „Договорот со селекторот Раца беше уловен со пласман на Европското првенство во 2017 година“, изјави за телевизијата Нова претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски.

    Првиот човек на македонската кошарка демантира дека репрезентацијата се соочува со преселба во Б дивизијата, најмногу поради катастрофалните резултати во актуелните квалификации.

    „Системот на ФИБА предвидува селекциите кои нема да обезбедат пласман на ЕП во 2017 година да играат дополнителни квалификации, кои се на програмата во август наредната година. Форматот според кој ќе се играат квалификациите дополнитело ќе биде одреден. Осум најуспешни селекции потоа ќе продолжат во мундијалските квалификации, што значи дека ќе останат дел од А дивизијата“, рече Наумовски.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.