Иако Македонија загуби од Шпанија, не ги изгуби шансите за историско полуфинале, но за да се стигне дотаму, ќе мора прво да ја помине Чешка утревечер од 20.30 часот во Вараждин, а потоа и Данска задутре од 18.15 часот.
Селекторот Раул Гонзалез во пресрет на утрешниот меч најави едно – Чешка е нашето финале.
Сè уште е нејасна ситуацијата околу најдобриот макеоднски ракометар Кире Лазаров и неговата повреда на задната ложа, но Раул се подготвува за дуелот со Чешка и без придонесот на првата македонска ѕвезда.
-Не знаеме дали ќе игра или не, со терапија утре ќе видиме каква е ситуацијата и ќе решиме што ќе правиме, ама треба да се обидеме да играме без него, иако знам дека без Киро не е исто, играчите се чувствуваат многу добро која тој игра. Но, треба да се навикнеме да играме и кога Киро не може да игра, вели Раул.
Посочува дека утрешниот противник е различен од тој што го победивме во квалификациите и дека сега не треба да се мисли на двата меча што следат, туку комплетниот фокус да остане само на овој првиот, кој за Македонија е – финалето.
-Треба да се фокусираме на Чешка, а не да мислиме на два натпревари. Нашето финале е против Чешка, зошто ситуацијата е добра, со една победа имаме сигурно меч за 5-то место, а имаш шанса со уште една победа да играш и полуфинале. Разликата против Шпанија беше голема, ама треба да научиме од тој меч, треба да го заборавиме тој меч… Исто како ако сте победиле, треба да го заборавите тоа и да се фокусирате на следниот натпревар. Кај Чешка се е различно, не играат истите играчи со кои се соочивме ние. Треба да анализираме како е сега оваа репрезентација, имаат добри играчи, со квалитет, имаат добра одбрана, добар голман, добар среден бек. Ќе повторам, треба да заборавиме дека загубивме од Шпанија, имаме шанса…, додава Раул.
Извор: Спорт 1