Раул Гонзалес го напушта Вардар и по завршувањето на сезонава се сели на клупата на Пари сен Жермен.

Финансиската кризза во таборот на „црвено-црните“ го стори своето, покрај Гонзалес се најавува и заминување на голем дел од клучните ракометари, но добра вест во целата ситуација е што Шпанецот планира да остане максимално лојален кога станува збор за ангажманот како селектор на македонската репрезентација.

„Договорот е да ги комбинирам двете функции. Имам договор како селектор на Македонија до 2020 година што планирам максимално да го испочитувам“ – изјави Гонзалес.

Иако трансферот е потврден од сите освен од раководството на ПСЖ (што е само прашање на време), скромниот Шпанец не сака да говори премногу за својот нов клуб.

„Париз е прекрасен град, но мој приоритет е ракометот. Среќен сум што од следната сезона ќе бидам  во ПСЖ, но од почит кон Вардар и кон стручниот штаб што е во моментов во ПСЖ, не би говорел премногу на оваа тема. Ќе имам можност да кажам нешто повеќе при моето доаѓање за неколку седмици“ – ја најави Гонзалес својата промоција во „градот на светлината“.

Извор: Ekipa.mk