Македонскиот селектор Раул Гонзалез е презадоволен од успех на нашата репрезентација на Европското првенство во Загреб, каде што вечерва тие ја остварија и втората победа против екипата на Црна Гора.
„Најпрво сакам да им честитам на моите играчи кои одиграа многу многу добро, натпреварот беше неверојатен. Многу сум среќен и задоволен бидејќи по два одиграни меча имаме две победи и четири бода, што е супер. Добро го започнавме натпреварот, но набрзо влеговме во проблеми коишто Црна Гора добро ги искористи. Но, затоа одигравме многу подобро во второто полувреме и резултатот стигна. Имавме и подобра одбрана и подобар напад. Сите беа супер, имавме трпение во играта и јас сум пресреќен“, изјави тој по натпреварот во Хрватска.