Нигеријката Аиша Данупова решила по само една недела брак да поднесе барање за развод бидејќи веќе не можела да го поднесе тоа што нејзиниот сопруг имал преголем пенис.
Оваа домаќинка и мајка на три деца се обратила во суд за да се „ослободи“ од сопругот Али Мезинари.
Имено, нивната традиција налага невестата пред да се пресели во куќата, да помине извесно време со неговите родители, а агонијата на Аиша почнала токму во тој период бидејќи тогаш првпат имала секс со сопругот.
– Првпат имавме секс кога дојде во куќата на своите родители и тоа искуство ми беше кошмар. Место да уживам, јас страдав затоа што неговиот пенис беше премногу голем – се пожалила таа на суд.
Аиша по првиот неуспешен пат, морала да зема лекови против болки, кои ѝ ги дала мајка ѝ.
– На мајка ми ѝ раскажав за тоа што ми се случи, а таа ми одговори дека со тек на време сè ќе си дојде на свое место и ми даде лекови против болка – раскажала таа.
Инаку, двојката уште еднаш се обидела да има секс, но кога Аиша сфатила дека не може да го поднесе тоа, решила да поднесе барање за развод.
– Не помогна, втората вечер беше исто толку трауматична колку и првата. Не ми преостана ништо друго, освен да побарам развод – рекла Аиша.
Од друга страна, срамежливиот и помалку горд Али и сам на суд признал дека дека половиот орган му е поголем од просечниот, но рекол дека ќе се разведе без проблем доколку му се вратат подароците и парите што ги потрошил и дал за време на додворувањето.