6 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Раде Шербеџија бил уапсен поради возење во пијана состојба, пренесуваат американски медиуми, но актерот негира

Актерот Раде Шербеџија минатата недела бил уапсен во Калифорнија поради возење во пијана состојба, пренесе американскиот портал TMZ, повикувајќи се на извори од полицијата. Сепак, Шербеџија за српските медиуми го негирал ваквиот настан.

Како што соопшти порталот TMZ, Шербеџија, бил уапсен откако полицијата минатиот викенд добила повици од неколку луѓе кои наводно забележале дека актерот со својот автомобил неправилно се движи по улиците.

Кога го сопреле, полицајците во неговиот автомобил пронашле отворено шише виски, а, како што наведува, Шербеџија бил видно пијан.

Преку алкотест било утврдено дека познатиот актер во крвта има поголема количина на алкохол од дозволеното, по што бил приведен во полициска станица за да се отрезни. По неколку часа, Шербеџија бил ослободен од притвор со кауција.

Актерот не се огласил во американските медиуми со цел да ги негира ваквите наводи, пренесе TMZ.

Сепак, Шербеџија за српски „Блиц“ изјавил дека се работело само за рутинска контрола и дека платил парична казна на самото место.

„Немаше никаков прекршок во возењето. Тие ме застанаа рутински, а бидејќи имав испиено три чаши вино, тестот за алкохол беше малку над дозволената граница“, изјавил актерот за „Блиц“.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.