Денис Миракле работи на аеродром во Сакраменти и додека ги проверувала билетите на две девојки забележала нешто доста чудно.
Девојките кои имале 15 и 17 години имале авионски билети во еден правец за Њујорк. Откако ги прашала за нивните планови, тие кажале дека не се сигурни што ќе работата кога ќе пристигнат таму.
Нивните билети биле купени преку кредитна картичка и не ги содржеле ниту нивните имиња ниту имињата на нивните родители. Двете карти биле за прва класа и тогаш Денис решила да го повика нејзиниот надзорник.
Девојките ги добиле картите од страна на маж кој го запознале на Инстаграм и не ни насетувале во каква сериозна и опасна ситуација се наоѓаат. Како што тврди полицијата, овој човек веројатно се обидел да ги фати во замка. Откако започнала полициската истрага, веројатно лажниот профил на човекот, исчезнал од интернетот. Тој на девојките преку Инстаграм им понудил да работата како модели.
На нивна среќа Денис одлично ја извршила својата работа и реагирала на најдобриот можен начин. Благодарение на неа овие тинејџерки избегнале ситуација во која можеле да станат жртви на трговија со луѓе.
Погледнете го видеото за да ја дознаете целата приказна.