Двајца пријатели биле нападнати од пума додека возеле велосипеди во планинска област околу 30 километри источно од Сиетл.
Притоа, еден од велосипедистите бил усмртен од дивата мачка, а другиот повреден. Повредениот човек бил однесен во болница во критична состојба, објави агенцијата АП.
Пумата, или како што некои ја нарекуваат, планински лав, била пронајдена неколку часа по нападот во близина на загинатиот човек, а полицијата задолжена за диви животни ја ликвидирала.