6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Птици предозирани со таблети во калифорниски парк

    Две птици закрепнуваат во Центарот за лекување диви животни откако се предозираа со таблети фрлени во парк во Хантингтон Бич, изјавија официјални лица.

    Локалните власти велат дека минатата недела човекот открил стотици таблети во тревата во паркот Кар. Откако ја видел гуската во неволја, тој ја повикал службата за заштита на животните.

    Канадска гуска и галеб завршија на интензивна нега во Центарот Wetlands & Wildlife. Галебот беше донесен во центарот на 17 декември, а гуската следниот ден.

    „Тие имаат симптоми на предозирање”, изјави управителката на центарот, Лиза Перон. Симптомите вклучуваат губење на контролата на мускулите и невролошки проблеми, додаде Перон.

    „Нема јасни причини зошто таблетите беа расфрлани околу паркот”, рече Перон. „Двете птици одлично закрепнуваат.“

    Гуската ќе биде отпуштена в среда, додека галебот, кој неодамна почна да лета повторно, ќе биде повторно прегледан в среда.

    Полицијата вели дека таблетите биле комбинација од седативи и други лекови и дека истрагата е во тек.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.