Во 12 часот во конференциската сала на НУ Музеј на македонската борба – Скопје ќе се одржи свечена промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“ од авторот Ангелина Поповска.
Книгата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а издадена од страна на издавачката куќа „Каламус“ – Центар за културно и духовно наследство. Промотори на изданието се проф. д-р Драган Булатовиќ од Филозофскиот факултет и управник на центарот за музеологија и херитологија во Белград, Република Србија и проф. д-р Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје, Институтот за историја на уметност и археологија.
Авторот е советник-конзерватор во НУ Националниот конзерваторски центар во Скопје со долгогодишно искуство во дејноста, а книгата се осврнува на конзерваторската практика и нејзиниот континуиран развој во нашиот регион. Посебно е истакнат пресекот на 70-годишната практика во конзервацијата на икони низ призмата на Охридската збирка.