6 C
Skopje
среда, ноември 6, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Пролетен рецепт – Стапчиња од тиквички

    Ова е превкусен пролетен рецепт кој брзо се приготвува, а во комбинација со сос ќе Ви стане омилена летна закуска…

    stapcinja

    Потребни состојки:

    4 средни тиквички
    2 јајца (изматени)
    состојки за сосот
    1 шолја презла
    50 г рендан пармезан
    малку сол, оригано, црвен пипер (прстофат)
    состојки за сосот
    5 лажици мајонез
    1 лажица сенф
    малку сол (прстофат)

    Подготовка:

    1.Тиквичките убаво измијте ги.(нема потреба да ги лупите) Надолж пресечете ги во форма на стапчиња.
    2.Јајцата изматете ги. Секое стапче потопете го во сместа од јајца. Загрејте ја рерната, подгответе го плехот за печење (обложете го со хартија за печење)
    3.Потоа стапчињата се валкаат во смеса од презли и изрендан пармезан. Во смесата ставете сол, црвен пипер и оригано.
    4.Ставете ги тиквичките да се печат. Ќе им треба околу 20 минути. Во меѓувреме подгответе го сосчето. Во блендер ставете мајонез, сенф и малку сол и убаво измиксирајте.
    5.Откако стапчињата ќе добијат убава кафена боја, извадете ги. Послужете ги со сосчето. Бон апетит.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.