6 C
Skopje
недела, декември 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пристигна “македонскиот” Џордан

Плејмејкерот на Банвит, Џордан Теодор денеска пристигна во Скопје и треба да се приклучи на македонската кошаркарска репрезентација.

Во текот на денешниот ден тој треба да го добие македонскиот пасош со што официјално ќе стане жител на нашата земја и ќе може да настапи за националниот тим. Според квалитетите, Теодор треба да биде големо засилување за нашата репрезентација не само во овие претквалификации, туку и во иднина.

Со неговото доаѓање, останува само уште една дилема за селекторот Јорданчо Давитков: дали Перо Антиќ ќе биде дел од националниот тим во претквалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2019 година.

Извор: sportclub.mk

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.