Малите црни точки на носот се можеби најголемата пречка во убавиот природен изглед. Постојат повеќе начини и методи на кои можете да се ослободите од нив, но оваа маска се докажала како еден од најефективните.
За да ја подготвите и нанесете дома потребно ви е:
- 1 лажица желатин без вкус
- 2-3 лажици млеко
- Лажица
- Мал сад
- Четка за шминка
Измешајте го желатинот со млекото додека не добиете еднолична смеса. Ставете во микробранова околу 15 секунди.
Проверете колку е топла смесата и ако има потреба почекајте да се олади.
Пред нанесување задолжително промешајте со лажица, а потоа зимајте малку по малку со четка за шминкање очи. Оставете ја да се исуши и нежно излупете по 15-20 минути.
Важно: Никако не смеете да ја нанесте маската на чувствителните делови од лицето или на веѓите, затоа што е леплива и може да ги оштети.
Маска со јајце
Потребно ви е:
- 1 јајце
- Тоалетна хартија или тенки салфети
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги во посебни садови. Исчистете го лицето, па премачкајте го со белка.
Преку белките нанесете ја салфетката или хартијата. Ако ви остане белка, можете да премачкате уште еден слој врз хартијата.
Почекајте 20-30 минути, додека целосно не се исуши. Откако салфетката ќе се стврдне, отстранете ја со лупење.
Со преостанатата жолчка може да го премачкате лицето за хидрирање и омекнување на кожата.