Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа.
How did your MP vote on the #NoConfidenceMotion this evening?
Find out using the CommonsVotes tool: https://t.co/tCc7ocaeyR #ConfidenceVote— UK House of Commons (@HouseofCommons) January 16, 2019
Меј вчера доживеа тежок пораз во Парламентот откако пратениците со мнозинство гласови го отфрлија нејзиниот договор што го постигна со Брисел за брегзит.
Откако договорот беше отфрлен, лидерот на опизициските лабуристи, Џереми Корбин, покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата велејќи дека е време Парламентот да ѝ пресуди на неспособноста на Владата.